Пребарувај по датум:

Интеграција на лица под меѓународна заштита

ИНТЕГРАЦИЈА НА ЛИЦА ПОД МЕЃУНАРОДНА ЗАШТИТА

Како резултат на честити мигрантски движења од кои РСМ не е исклучок, Црвен крст на град Скопје развива програми за помош и поддршка на лицата по меѓународна заштита. Имено, лицата во движење кои поднесуваат барање за азил и соодветено ќе се стекнат со статус на барател на азил, а потоа статус на лица под меѓународна заштита т.н. субсидијарна заштита или статус на бегалец имаат можност да добијат социјална услуга олеснување на интеграција. Оттука, може да се заклучи дека РСМ претставува транзит земја, но и земја дестинација за лицата во движење.

Услугата олеснување на интеграција во Црвен крст на град Скопје се спроведува преку обучен тим во кој активно учество на дневна основа земаат: водич на случај и културни медијатори.

Програмата за интеграција Црвениот крст ја спроведува во тесна соработка со Министерството за Труд и Социјална Политика и ЈУ Заводот за Социјални Дејности – Скопје односно ЈУ Меѓуопштински Центар за Социјална Работа.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.