Пребарувај по датум:

Помагатели на ранливи целни групи на корисници

Во јули 2019-та година Црвен ксрт на град Скопје започна со имплементација на социјалниот сервис „Помагатели на ранливи целни групи на корисници“, поддржан од Градот Скопје. Со започнување на програмата Црвен крст на град Скопје низ три обуки регрутираше 32 помагатели кои се стекнаа со обука за лица со телесна попречеснот. Оваа програма е посветена на исполнување на потребите и интерсите на лицата со попреченост преку секојдневна помош и поддршка која ја добиваат од помагателите.

Улогата на 32 обучени помагатели е вклучување во планирањето и испораката на услугата кај корисниците, како помош и поддршка во домот на корисникот, на работното место или во високообразовниот процес и помош и поддршка во заедницата во која живеат. Додека пак улогата на 10те волонтерите е подобрување на процесот на социјализација на овие лица, помош во домот, набавка, придружба до матичен лекар, административна поддршка во различни институции, заеднички прошетки, социјални игри итн.

Социјалниот сервис помагатели на ранливи целни групи на корисници претставува процес на обезбедување помош и поддршка која ја добиваат од помагателот или волонтерот со цел да се унапреди квалитетот на животот на лицата со попреченост, притоа постигнувајќи поголема независност и самостојност, како и индиректно полесно функционирање не само на корисниците туку и на членовите на нивните семејства.

На територија на град Скопје потребата од ваков тип на поддршка за лицата со попреченост е многу голема, и во моментов имаме ангажирано 32 помагатели и 10 волонтери кои услугата ја даваат на 80 корисници. Од страна на стручниот тим при Црвен крст на град Скопје се спроведуваат проценките и поврзувањата, а во континуитет се евалуира и квалитетот на дадената услуга, со цел да се обезбеди поквалитетен живот на лицата со попреченост.

Координатор на одделот, Тихана Обрадовиќ Чингарова – tihana.obradovic@hotmail.com

Никола Блажевски, одговорен соработник – skopje.pomagateli@redcross.org.mk

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.