Лична асистенција на лица со попреченост
Во април 2018-та година Црвен крст на Северна Македонија започна со имплементација на социцјалниот сервис „Лична асистенција на лица со попреченост“, како дел од програмата на Владата за лицате со попреченост. Оваа програма е посветена на воспоставување на секојдневна лична асистенција и оспособување на лицата со попреченост за највисок степен на независност во исполнувањето на нивните интереси и потреби. Овие интереси и потреби се поврзани со секојдневните активности и независното живеење, но можат да бидат и поврзани со работа или вработување, социјални релации, инклузивно партиципирање во заедницата итн.
Овој социјален сервис претставува процес на обезбедување на помош и поддршка за лицата со попореченост од страна на сертифициран личен асистент. Услугата го подобрува степенот на независно живеење на лицата со попреченост и им овозможува рамноправно учество во општеството како и останатите граѓани, притоа застапувајќи го социјалниот модел и пристап кон попреченоста. Воедно, иако личната асистенција директно му помага на корисникот на оваа услуга, индиректно му помага на целото семејство и го олеснува и подобрува квалитетот на животот на целото семејство. Лицата кои можата да бидат опфатени со услугата лична асистенција се лица на возраст од 6 до 65 години, кои се категоризирани како лица со потешка и најтешка телесна попреченост и лица со целосно оштетен вид.
Личниот асистент учествува во планирање, испорака и следење на услугата за лична асистенција. Опфатени се следниве сегменти:
- Помош и поддршка во домот на корисникот
- Помош и поддршка на работно место, во високообразовниот процес, неформално образование или во професионална рехабилитација
- Помош и поддршка во заедницата во која живее корисикот
На територија на град Скопје потребата од ваков тип на поддршка за лицата со попреченост е многу голема, затоа Црвен крст на град Скопје се фокусира организирање на што повеќе сертифицирани тренинзи, со кој ќе се обучат што повеќе лични асистенти и помогне на што повеќе загрозени лица и на нивните семејства. Од друга страна, проценките, поврзувањата, квалитетот на услугата е континуирано мониториран и евалуиран од страна на стручниот тим при Црвен крст на град Скопје, со цел да се обезбеди што понезависен и поквалитетен живот на лицата со попреченост.
Локални координатори:
Александра Божинова – skopje.asistenti@redcross.org.mk
Радица Стојкоска – skopje.asistenti@redcross.org.mk