Пребарувај по датум:

Социјални и Здравствени сервиси

Во рамките на Црвен крст на град Скопје од 2011 година се имплементира проект посветен на грижата на стари лица т.е. проектот: „ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА И ЦЕНТАР ЗА ДАВАЊЕ ПОМОШ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ“. Проектот се развива и имплеметира со основна цел за развивање форми на вонинституционална заштита и обезбедување грижа и здравствена заштита на стари и изнемоштени лица. Специфините цели на проекот се: Унапредување на на квалитетот на животот, здравјето и психофизичката состојба на старите лица; Задоволување на  здравствени и социјални потреби на старите лица; Социјализација и збогатување на степенот на едукација на старите лица; Промовирање на активен пристап кон животот  во староста и Промовирање на волонтерство, вклучување на граѓаните во доброволна работа. Целна група на проектот се стари и изнемоштени лица кои живеат сами или со својот брачен другар кои имаат потреба од медицинска и психо-социјална поддршка. Секое старо лице е посетено во неговиот дом од медицинската сестра и волонтер еднаш во неделата, а по потреба и повеќе. Во проектот за потребите на старите лица се инволвирани волонтери и медицински сестри. Услугите кои ги дава медисинското лице се: мерење на шеќер во крвта, мерење на притисок, контакти со матичниот лекар, делење на бесплатни лекови(предвидени во проектот), давање на совети за земање на терапија, давање на совети за исхрана и придружба на старото лице при одење на лекар.

Услугите кои ги даваат волонтерите се: разговори и други активности за социјализација, делење на храна, помош во купување на прехрамбени продукти, лекови и сл., придружба на старото лице при одење на лекар, на прошетка и сл., завршување на административни работи за старото лице.

За активните стари лица во рамките на проектот функционираат 3 дневни центри за стари лица и тоа во просториите на Дом на Хуманитари Организации Даре Џамбаз, во просториите на Црвен крст Чаир и основното училиште Дитурија во Сарај. Тука, овие лица се инволвираат во програмски обмислени активности за активно стареење како и здравствена превенција и социјална грижа.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.