Пребарувај по датум:
2014-03-16

Жените пензионерки лобисти за своите права

Црвениот крст на град Скопје во рамките на програмата посветена на лицата во трето доба оваа година одблежа поинаков 8ми март.

На 7ми март во просториите на свечената сала на ДХО Даре Џамбаз, тимот на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ со иницијативата на жените пензонерки организираше трибина за лобирање за правата на пензионерите и олеснет пристап до информации од јавен карактер. Повеќе од 200 пензионери и пензионерки имаа можност да постават прашање до претседателот на СЗПМ Г-дин.Драги Аргировски и со тоа да се направи чекор напред во дикретната имплементација на правата на лицата во трето доба. Оваа трибина беше поддржана од страна на Министерет за труд и социјална политика Г-дин. Диме Спасов кој се обрати пред присутните и упати честитки за жените во трето доба кои на високо ниво ги покажаа своите квалитети и способности за допринос во општественото живеење. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.