2019-03-07
Жените од Црвен крст на град Скопје својот 8ми Март го посветија на жените од ЈЗУ ,,Психијатриска болница Скопје“
Оваа година жените од Црвен крст на град Скопје одлучија Меѓународниот ден на жената 8ми Март, да го посветат на жените од Акутното одделение на ЈЗУ ,,Психијатриска болница Скопје“. Во името на уважување на секоја жена во општеството важно е никој да не се заборави и маргинализирание групи да бидат дел од опшстевените активности и иницијативи. Подароците и донацијата се во мисијата на нашата организација, но вниманието и заеднички поминатото време е недоложно, потребно и искрено.