Здружената вежба во регионот
Тројца претставници на ЦКРСМ беа дел од еднонеделна симулациска вежба што се одржа во Тренинг Центарот на Бугарскиот Црвен крст во Лозен, Бугарија.
Целта беше градење на капацитетите на Националните Друштва во регионот за координиран одговор во услови на катастрофа, со акцент на имплементација на алатки од Службата за барање и воспоставување семејни врски и платформата Х – сток.
Насловена како „Див гулаб”, здружената вежба вклучуваше и он – лајн учество на општинските организации кои според сценариото имаа удел во делот информирање и следење на состојбите на терен, со цел навремен и адекватен одговор согласно стандардите за барање финаниска поддршка преку механизмите на Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечнина при евентуална катастрофа од било кој вид.