ЗДРАВА ИСХРАНА ЗА ЗДРАВ РИТАМ НА ВАшЕТО СРЦЕ
(Неделата на борба против срцево садови заболувања 21-28.02.2010) Црвен крст на град Скопје традиционално ја продолжува соработката со Кардиохирургија Филип Втори
и со низа активности се вклучува во одбележувањето на Неделата на борба против срцево садови заболувања (21-28.02.2010). Главна цел на активностите е подигнување на свеста кај поШироката популација за ризиците кои ги носат срцево садовите заболувања , но и превенирање од истите преку здрави животни навики.
Во рамките на одбележувањето на неделата за борба против срцевосадови заболувања во рамките на клубот на млади на Црвен крст на град Скопје реализирана беШе работилницата посветена на Штетното влијание од неправилната исхрана и недоволната физичка активност врз работата на срцето, ризици и последици од истите.
Во склоп на оваа недела дел од членовите на клубот на млади на Црвен крст на град Скопје реализираа посета на Кардиохирургијата.
Исто така во Кардиохирургијата Филип Втори беа овозможени бесплатни прегледи на деца сместени во згрижувачки семејства кои имаат проблеми со кардио васкуларни заболувања.
Како традиционална активност во рамките на оваа недела посетени беа неколку социјално загрозени семејства во кои има член со претходно направена интервенција во Кардиохирургијата Филип Втори и донација за истите.
Во текот на оваа недела реализирани беа мерења на триглицериди и холестерол во крвта на ниво на општинските организации на Црвен крст во Скопје како и во здравствениот дом Ш. Оризари за барателите на азил во РМ.