Пребарувај по датум:
2010-12-05

„ЗАШТИТИ СЕ ОД ПРЕДРАСУДИ !“

Одбележан светскиот ден за борба против ХИВ СИДА

Оваа година Црвен крст на град Скопје во соработка со ООЦК на територија на град Скопје, со поддршка на високиот комесаријат за бегалци во РМ (УНХЦР) Скопје, на 1 Декември традиционално се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на борба против СИДА/ХИВ вирусот, пред се со акцент на младата популација.

На овој начин превентивно и едукативно делувавме кај нашите врсници за свесноста и опасностите кои демнат ако не сме свесни за ризиците и последиците од оваа болест.

Во оваа насока Црвениот крст на град Скопје во координација со ООЦК на територија на град Скопје, на 01 Декември во периодот од 19:00-20:00 часот на ул. Македонија (пред спомен куќата на мајка Тереза) реализираше централен хепенинг.

На истиот се зборуваше за вистината за ХИВ/СИДА, се делеа промотивни материјали, а организирана беше и наградна квиз сложувалка и квиз.

За оние кои ја составуваа сложувалката и точно ги одговорија прашањата- најдобро информираните, следуваа награди.

На настанот се вклучи и групата пантомима кои за овој настан имаа подготвено посебна кореографија.
Водител на програмата беше Лила Филиповска.

Во рамките на неделата (01-10.12) обучените тренери и врснички едукатори реализираа едукации за членовите на клубот на млади на ЦК на град Скопје и за младите кои го посетуваат Центарот за интеграција на барателите на азил Ш. Оризари.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.