Пребарувај по датум:
2019-01-21

Започна ЦКА-ПХВ циклусот за 2019 година

На 15 и 17 јануари се одржаа работилници  за лицата кои се избрани од страна на своите ООЦК за дисеминатори во ЦКА-ПХВ циклусот во 2019 година. Еднодневната обука имаше за цел да ги запознае дисеминаторите со програмата, да бидат обучени за држење на работилници за дисеминација и документирање, како и да бидат информирани за временската рамка, за начинот на промоција на малите проекти и мотивација на младинците кои оваа година ќе бидат дел од програмата. Обучени се вкупно 36 дисеминатори  од 28 Општински организации , и дополнително еден дисеминатор од Меѓународни училишта НОВА.

И оваа година програмата ќе обучува младинци на возраст од 13 до 17 години и тоа по 30 младинци во Општинските организации кои оваа година се пријавија да учествуваат во програмата или вкупно 1.100 младинци.  До 30 февруари, треба да ги реализираат сите 100 планирани обуки и потоа младите ќе имаат време до 06 мај да ги изработат своите проекти кои оваа година треба да бидат во насока на акција во заедница- што подразбира хуманитарни проекти и инеркултурна акција-под што се подразбира проекти насочени за промоција на мир, толеранција и соживот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.