2019-10-01
Зајакнување на капацитети на мобилните тимови
Во рамките на проектот за заштита, од 25 до 27 септември во тренинг центарот Солферино, Струга се одржа тренинг подржан од Меѓународниот комитет на Црвен крст. Тренингот опфати различни теми од облата на миграциите вклучително, психосоцијална подршка, дијалог со партнерски институции, воспоставување на семејни врски и полово базирано насилство. Вкупно учествуваа 19 учесници, од кои 13 членови на мобилните тимови и тимот за одговор при катастрофи, 5 предавачи од Меѓународен комитет на Црвен крст и 1 предавач од Хрватски Црвен крст.