Заедно за подобра и поздрава животна средина
Во месец февруари, социјално претпријатие на Црвен крст на град Скопје- “Копче”склучи договор за партнерство со Здружение на граѓаниза заштита на животната средина и просторно планирање Планктониумсо цел воспоставување на систем за управување со текстилен отпад.Во продолжение на оваа соработка, во март е склучен договор за соработка со Цементарница Усје АД Скопје за остатоци од текстил кои се крајно неупотребливи да бидат искористени за алтернативно гориво.Со заеднички интерес во согласност со грижа за животната средина и општествена одговорност, а според вредностите и принципите ги следиме сите насоки според Глобалниот договор на ОН (UN Global Compact) до разумно и практично ниво да употребуваме материјали коисе еколошки погодни во производствениот процес кои не ја загадуваат околината, не придонесуваат за создавање на отпад, не влијаат негативно на здравјето и не ги исцрпуваат ограничените природни ресурси.
Облеката која се донира во Копче секогаш завршува на вистинско место. Дури и онаа која повеќе нема начин да се искористи, се рециклира со поддршка на УСЈЕ и не ја загадува животната средина. Во рамките на овој проект, заеднички се грижиме за подобра и поздрава животна средина, ја развиваме еколошката свест и ја заштитуваме природата преку правилно управување со отпад.