2011-07-28
ЗА СКОПЈЕ СО ЉУБОВ, СОБРАНИ 188 ЕДИНИЦИ КРВ
Црвениот крст на град Скопје и оваа година традиционално на 26 јули ја одбележа годишнината од катастрофалниот земјотрес кој во далечната 1963 година го погоди Скопје.
По тој повод беше организирана голема крводарителска акција под мотото „За Скопје со љубов„ во просториите на трговскиот центар Соравија. На акцијата која траеше 09:00 до 17:00 часот, беа собрани 188 единици крв.
На настанот беа доделени и благодарници за оние кои дале најголем придонес во активностите насочени кон промовирање и унапредување на крводарителството на територија на град Скопје.