Пребарувај по датум:
2023-07-25

За Скопје со љубов

Под мотото „За Скопје со љубов“, ве покануваме заедно да го одбележиме јубилејот-60 години од земјотресот кој го погоди Скопје. Настанот кој ќе го организира Црвен крст на град Скопје ќе биде на 26 Јули на Плоштад Филип II-Камени мост во 18.00 часот.

Во деновите по земјотресот, 78 Национални друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина речиси од целиот свет билемеѓу првите кои ни упатиле помош.

Волонтерите и вработените од повеќе Национални друштва организирале народни кујни во шаторските населби,дистрибуирале храна, облека и обувки, пружале прва помош и лекарски прегледи и организирале акции за дарување крв,евакуација и спојување на разделените семејства.

Хуманоста и единството се едни од нашите главни принципи на работа. Токму во моментите кога на нашиот град му билонајтешко – нашите волонтери покажале најголема солидарност и сплотеност. Сето ова придонело Скопје да прерасне во градна солидарноста и низ годините ние правиме сè што е во наша можност за тој да остане таков.

За време на настанот, ќе се одвиваат неколку активности како цртање на мурал, интерактивна обука  за справување сокатастрофи, иницијатива за пишување на писма  и телеграми, изложба на капацитетите на нашето Нaционално друштво идружење со вработените и волонтерите на Црвениот крст.

На истиот ден (26 јули, среда) во соработка со ИТМ и со поддршка на Црвен крст Кисела Вода традиционално ќе биде организирана крводарителска акција во ДХО “Даре Џамбаз”- Центар за дарување крв од 09:00 – 17:00 часот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.