Пребарувај по датум:
2024-12-24

,,За повеќе насмевки“

Дека хуманоста се учи од најмали нозе пример се учениците од ОУ ,,Братство”. Истата ја потврдија со поддршката кон своите врсници во рамки на активноста ,,Волшебна елка на желби” наменета за децата сместени во згрижувачки семејства. Одбраа желби, ги остварија и поканија дел од децата во училиштето. Со музика , прегратки но и многу подароци учениците ги израдуваа, а за возврат добија многу радост и насмевки. 

Голема благодарност до персоналот во училиштето Братство, учениците и нивните родители за целата посветеност и љубов кон оваа целна група. Нивниот гест е позитивен пример кој мотивира и инспирира.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.