ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТСКИ НАСМЕВКИ
Одбележан денот на згрижувачки семејства 1 Јуни
Црвенот крст на град Скопје, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје, поддржано од Комерцијална банка а.д. и општина Центар, на 01 Јуни го одбележија Денот на згрижувачки семејства.
За одбележувањето на овој ден, на просторот пред спомен куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија беа поставени тенди, масички и столчиња на кои децата без родителска грижа со поддршка на волонтерите на Црвениот крст реализираа креативни работилници, се дружеа и забавуваа.
На хепенингот настапија децата од Супер ѕвезда, деца од неколку скопски училишта, пејачи од нашата естрада, кловн, а водител на настанот беше Марјана Станојковска.
За сите дечиња имаше многу подароци, изненадувања и одлична забава. Настанот го посети и заменик Министерот за труд и социјална политика како и претседателот на совет на општина Центар.
Ова традиционално одбележување е дел на програмските активности на Црвениот крст, во рамките на кои посебно внимание посветуваме на деца и младинци со посебни потреби и деца без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства.
Активностите со овие целни групи се со цел поддршка, социјализација и ублажување на нивните потреби.