ВРЕМЕ Е ЗА ПОВЕЌЕ ЗНАЕЊА
Одбележана неделата за борба против ракот 1-8 Март
По повод Неделата за борба против ракот од 1-ви до 8-ми март, традиционално како и секоја година Црвен крст на град Скопје во соработка со здружението Животна искра на 7–ми март 2011 година ги посетија пациентките на Универзитетските клиники за Торако – васкуларната хирургија Дигестивна хирургија и Онкологија и радиотерапија
Во рамките на оваа посета , а во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8-ми март, за сите пациентки кои се на овие оддели, Црвениот крст на град Скопје и Животна искра подарија пригодни подароци и оригами цвеќе кое што беше изработено од самите млади волонтери од клубот на млади на ЦК на град Скопје.
Како и секоја година, настанот беше во знакот на поддршка и охрабрување на пациентките во нивната борба со ракот.
Во рамките на оваа недела, Црвениот крст на град Скопје, даде активна поддршка кон трибината организирана по повод 18 годишното постоење и активности на Животна искра, а на самата трибина добивме и плакетата во знак на поддршка кон нивните активности.