Волшебно велигденско дрво
Црвен крст на град Скопје во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа и Рамстор Мол по шести пат ја организира активноста Волшебно велигденско дрво. Со цел разубавување на претстојните празници но и многу радост и насмевки истата е наменета за корисниците од дневниот центар за церебрална парализа и центарот за лица со интелектуална попреченост ,,Пролет”. Картичките во форма на јајце се закачени на велигденското дрво кое е поставено на главниот влез во трговскиот , а сите граѓани кои сакаат да допринесат за исполнување на некоја од желбите можат подароците да ги остават на пултот за информации во маркетот Рамстор. Активноста трае до 27.4 , а остварените желби ќе ги достават волонтерите на Црвен крст во центрите кои тие секојдневно ги посетуваат.