Волшебно Велигденско дрво
Црвен крст на град Скопје во соработка со Рамстор Мол четврти пат ја организираат акцијата Волшебно велигденско дрво наменета за корисниците од дневниот центар за церебрална парализа – Скопје.
Скромните желби (тренерки , маички, фустанче ) се запишани на наменски изготвени картички во форма на јајце и веќе се закачени на дрво кое е поставено во велигденското катче во трговскиот. Сите хумани граѓани , соработници ги покануваме да се вклучат во акцијата, да купат подарок и да ги израдуваат корисниците за претстојниот празник.
Купените подароци се оставаат на пултот за информации во маркетот Рамстор или пак во просториите на Црвен крст на град Скопје, а доделувањето ќе биде на 25.04.2019 година (четврток) во просториите на трговскиот Рамстор Мол.