Пребарувај по датум:
2024-05-13

Волшебно Велигденско дрво

Црвен крст на град Скопје во соработка со трговскиот Рамстор Мол и оваа година успешно ја реализираа активноста ,,Волшебно велигденско дрво” наменета за корисниците од дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години ,,Пролет”. Голема благодарност до Ramstor Mall кои  секогаш даваат неизмерна поддршка за оваа целна група но и ги поддржуваат нашите активности.

Подароците им се доделија во трговскиот , а  шоуто кое го организираа  придонесе за нивна неизмерна радост ,многу насмевки и секако одлична забава.

Оваа активност е една од многуте активности кои Црвен крст на град Скопје / оддел млади ги реализира во рамки на проект поддржан од Комерцјална банка.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.