Волшебна елка на желби
“Волшебната елка на желби”и оваа година ги оствари желбите на децата сместени во згрижувачки семејства. Елката е една од активностите која од година во година станува претпознатливо обележје за нашата организација, а граѓаните ја препознаваат како интересно случување во пресрет на празниците.
Активноста е организирана и реализирана од Црвен крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall и JУ Меѓуопштински центар за социјална работа, а во рамките на проект поддржан од Комерцијална банка.
Желбите на децата беа запишани на лампиони закачени на елката која беше поставена во трговскиот Ramstore Mall. Голема благодарност до хуманите граѓани, вработените од Generali Investments AD Skopje и вработените од British American Tobacco, учениците од ||2 и |||2 при ОУ “11 Октомври” како и поддржувачи на активностите на Црвен крст на град Скопје кои истите со љубов и внимание ги остварија.
Дел од нив беа и присутни и самите ги подарија подароците и на децата им посакаа среќни и радосни празници.
Сите заедно дадовме допринес и веруваме дека им ги направиме волшебни новогодишните празници на децата сместени во згрижувачки семејства, но покрај тоа целта ни е и да ја поддигнеме свеста на граѓаните за формата згрижување како позитивен пример во нашето општество.