Пребарувај по датум:
2021-12-30

Волшебна елка на желби

Волшебната елка  ги  исполни  желбите на сите 120 деца сместени во згрижувачки семејства. Црвен крст на град Скопје упатува голема благодарност до сите хумани граѓани кои купија подарок и ги израдуваа децата. Позитивен пример и оваа година беа учениците од гимназија НОВА како и учениците од ОУ 11 Октомври.

На наше големо задоволство хуманост повторно покажаа  Papiroti, Delta proekt, Generali investment како и нашите пријатели од мото клубот Потфат кои обезбедија 200 пакетчиња. Сплотени придонесовме за многу насмевки на децата кои со голема радост ги чекаа своите подароци  кои им беа поделени од страна на волонтерите на Црвен крст во центарот за поддршка на згрижувачки семејства.

Добро е кога се поддржуваме едни со други бидејќи заедно можеме многу повеќе.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.