Пребарувај по датум:
2020-12-10

,,Волшебна елка на желби”

,,Волшебна елка на желби” е една од активностите која од година во година станува претпознатливо обележје за нашата организиација, а граѓаните ја  препознаваат како интересно случување во пресрет на празниците. Како и секоја така и оваа година Црвен крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall, JУ Меѓуопштински центар за социјална работа поддржани од Комерцијална банка ја организираат оваа активност. Желбите на  децата  се запишани на лампиони и се закачени на елката која е поставена во трговскиот Ramstore Mall  веднаш спроти маркетот, а во периодот од  09 – 27.12. 2020 г. сите хумани граѓани кои ќе го  посетат трговскиот можат да одберат лампион и да остварат некоја детска желба. Исто така сите оние кои сакаат да донираат можат да се обратат во просториите на Црвен крст на град Скопје или пак подароците да ги оставаат на пултот за информации кој се наоѓа во самиот маркет.

Волонтерите кои се претпознатливи по амблемот ќе бидат покрај елката секој нареден викенд во период од 12 – 13: 30 часот и  ќе ги информираат граѓаните за активноста.

Да се обидеме сите заедно да ги направиме волшебни новогодишните празници на децата сместени во згрижувачки семејства.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.