Пребарувај по датум:
2017-12-29

Волшебна елка на желби

Сите 80 деца сместени во згрижувачки семејства на територија на град Скопје денес ги добија своите подароци. Црвен крст на град Скопје со поддршка на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, Рамстор мол, Комерцијална банка а.д.Скопје, хумани граѓании компании ја реализираа и овогодинешната Волшебна елка на желби.

На настанот присуствуваше и министерката за Труд и социјална политика Мила Царовска која на неколку деца лично им ги врачи подароците.

Од 1 до 27 декември во ТЦ Рамстор сите хумани граѓани од нашиот град имаа можност да ја посетат Новогодишната волшебна елка на желби, да одберат подарок и да остварат новогодишна желба на некое од децата.  Црвен крст на град Скопје со партнерите и поддржувачите веќе осма година по ред ја одбележува оваа активност.

На денешниот настан имаше многу смеа, музика и магија кои придонесоа за убаво новогодишно расположение на децата без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.