Волшебна елка на желби 3
Водени од идејата дека секој човек, особено дете треба да се чувствува убаво и среќно за време на новогодишните празници Ramstor Мall,
Црвен крст на град Скопје и ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје по втор пат ќе организираат Новогодишен настан за 64 деца сместени во згрижувачки семејства на територија на град Скопје.
Новата година е период од годината кога особено малите веруваат дека нивните желби можат да се остварат, а хуманите граѓани се токму оние кои ќе помогнат во оставрување на детските соништа и желби .
Во периодот од 12-27.12.2011 година, сите хумани граѓани од нашиот град ќе може да ја посетат Новогодишната волшебна елка на желби во ТЦ Рамстор, да одберат и остварат новогодишна желба на некое од децата.
Китењето на Волшебната елка на желби беше на 9.12.2011 , а доделувањето на подароците ќе биде на 30.12.2011 година во просториите на ТЦ Рамстор.
Како дел од оваа активност, во маркетот Рамстор секој купувач може да купи производ плус и да го стави во голема кутија за донации, наменски изработена за акцијата. Од собраните продукти ќе се изработат пакетчиња за Дневниот центар за деца со церебрална парализа Капиштец.
Активноста оваа година е поддржана и од а.д. Комерцијална банка