Волшебна елка на желби
Црвен крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall,Комерцијална банка , Меѓуопштински центар за социјална работа и центарот за поддршка на згрижувачки семејства традиционално и оваа година ја организираа активноста Волшебна елка на желби наменета за децата сместени во згрижувачки семејства. Лампионите со желбите беа поставени на големата елка во молот и на наше огромно задоволство и оваа година истите се остварија.
Искрена благодарност до сите хумани граѓани, општествено одговорни компании и организации кои се вклучија и со својата поддршка придонесоа за успешна реализација на активноста Волшебна елка на желби. Огромна благодарност упатуваме и до Frontex, мото клубот Hells Angels , нашите соработници Рамстор Мол кои ги обезбедија пакетчињата како и на сите колеги и волонтери од Црвен крст на град Скопје кои дадоа поддршка. Благодарение на вашата хуманост, солидарност и несебична поддршка, беа исполнети детски желби и беше создадена вистинска празнична магија за децата сместени во згрижувачки семејства. Вашиот придонес носи радост, насмевки и надеж, и претставува вистински пример за заедништво и грижа за најмладите.“
