2025-12-15
Волшебна елка на желби
Црвен крст на град Скопје, во соработка со Ramstore Mall, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“, традиционално и оваа година ја организираат активноста „Волшебна елка на желби“, наменета за децата сместени во згрижувачки семејства.
Лампионите со желбите се поставени на големата елка во молот, а идејата е сите хумани граѓани, општествено одговорни компании и организации да бидат тие кои ќе ги остварат овие желби. Подароците може да се остават на пултот за информации кај маркетот Рамстор до 26.12.2025г.
Да се потрудиме сите заедно да им приредиме вистинска празнична магија.
