Пребарувај по датум:
2023-12-28

,,Волшебна елка на желби”

,, Волшебната елка на желби “ и оваа година ги исполни сите 173 желби на децата сместени во згрижувачки семејства. Тоа е една од активностите која од година во година стана претпознатливо обележје  , а граѓаните ја  препознаваат како интересно случување во пресрет на празниците. Како и секоја така и оваа година Црвен крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall, JУ Меѓуопштински центар за социјална работа и центарот за поддршка на згрижувачки семејства поддржани од Комерцијална банка ја организираа оваа активност. Желбите на  децата беа запишани на лампиони закачени на елката која е поставена во трговскиот Ramstore Mall. Голема благодарност  упатуваме до хуманите граѓани кои со голема љубов и внимание дадоа поддршка да се реализира  активноста, членовите на мото клубот Hells Angels кои се континуирани поддржувачи на нашите активности , а кои ги обезбедија пакетчињата но и на сите оние кои овозможија да придонесеме за многу детски насмевки.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.