2023-12-18
Волшебна елка на желби
Црвен крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall – Skopje, Меѓуопштински центар за социјална работа и центарот за поддршка на згрижувачки семејства и оваа година по 15 пат ја организираат активноста “Волшебна елка на желби” наменета за децата сместени во згрижувачки семејства.
Лампионите со желбите се поставени на големата елка во молот, а идејата е сите хумани граѓани, општествено одговорни компании, организации да бидат оние кои овие желби ќе ги остварат
Подароците може да се остават на пултот за информации кај маркетот Рамстор до 27 декември!
Да се потрудиме сите заедно да им приредиме вистинска празнична магија.