Пребарувај по датум:
2019-12-02

ВОЛШЕБНА ЕЛКА НА ЖЕЛБИ

Водени од идејата дека секој човек,а посебно дете треба да се чувствува убаво и среќно.

за време на новогодишните празници Црвен крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall ,  ЈУ  Меѓуопштински центар за социјална работа поддржани од а.д. Комерцијална банка и оваа година организираат Новогодишен настан за децата без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства.

На 02.12.2019г. тие ги запишаа своите новогодишни желби и заедно со волонтерите на Црвениот крст на град Скопје ги закачија на големата елка поставена во Ramstore Mall, а сите хумани граѓани можат да ја посетат Волшебната елка, да изберат лампион  и да придонесат за среќата на некое од децата.

Во периодот од 17 : 00 – 18 : 00 часот пред големата елка ќе има волонтери на Црвен крст на град Скопје кои ќе ги информираат граѓаните за активноста , а секој оној кој ќе купи подарок може да го остави истиот на пултот за информации во маркетот Ramstore Mall.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.