Волонтери во акција
Бојка, Тамара, Амар, Диме и Снеже, долгогодишни волонтери од Црвен крст на град Скопје веќе 3 месеци дел од своето време го поминуваат на Меѓународниот аеродром Скопје. Задолжени се за мерење на температура на патници при влез во нашата земја. Се менуваат во смени, имаат распоред кога пристигнуваат авионите и секогаш некој од нив е на работната позиција. Некогаш пристигнуваат преку ден, но некогаш и во ноќни саати, зависно од самиот лет. Облечени во препознатливие униформи на Црвениот крст, со насмевка на лицето, ги пречекуваат патниците и им мерат температура. Велат дека граѓаните се веќе навиканти на овие процедури и соработуваат со нив. Тие се во редовна комуникација со медицинската екипа на Аеродромот доколку има потреба за понатамошно спроведување на лица со сомнеж на Ковид19.
И со оваа активност, Црвен крст пружа поддршка на Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје со цел превенција и ублажување на последиците од Ковид 19.