2026-04-08
ВОДНО–МАТКА ПЛАНИНСКИ МАРАТОН И АВИЦЕНА ТРКА
На 05 април 2026 година, во организација на здружението ТРЕКС и Сојузот на спортови на Скопје, се одржа планинскиот маратон „Водно–Матка“. Трката беше поделена во три категории: 50 км, 30 км и 18 км.
На маратонот учествуваа 600 натпреварувачи од 10 земји, додека на Авицена трката беа регистрирани над 3500 учесници.
Како логистичка поддршка во делот на укажување прва помош, учество зедоа 29 волонтери од Тимот за спасување на планина и Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на Град Скопје. Волонтерите беа поделени во 7 тима и распоредени долж патеката, особено на покритичните места.
Тимовите евидентираа над 200 интервенции и асистенции, од кои поголемиот дел беа на Планинскиот маратон.
