Пребарувај по датум:
2022-04-04

ВОДНО-МАТКА планински маратон

На 02 април во организација на TREX, по 5-ти пат се оддржа планинскиот маратон Водно-Матка. Во трката која е поделена на три категори и тоа трка од 42км, трка од 27км и трка од 10 км, учество зедоа 450 натпреварувачи од 20 земји.

  • Како логистичка поддршка во делот на укажување прва помош, учество зедоа 19 волонтери на Тимот за спасување на планина и Тим за одговор при катастрофи на Црвен крст на град Скопје. Истите беа поделени на четири тима лоцирани долж самата патека, односно на покритични локации.

Тимовите бележат над 30 интервенции и асистенции.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.