Пребарувај по датум:
2013-01-20

Водици-2013 години

Црвен крст на град Скопје и оваа година дејствуваше во реализација на одговорни задачи во сферата на дејствување и одговор при катастрофи.

При обезбедување на  манифестацијата Водици-2013 година се вклучија Тимот  за одговор при катастрофи, Центарот за безбедност на вода и Тимот за спасување на планина. Тој ден вкупно 50 волонтери заедно со професионалците го носеа амблемот на Црвениот крст.Со претходна континуирана подготовка и координација меѓу самите тимови, на самиот ден на манифестацијата најпрофесионално се заврши задачата која им беше доверена.Во текот на манифестацијата имаше интервенција од страна на членовите на Центарот за безбедност на вода кај двајца учесници кои скокаа по крсто. Лицата беа згрижени, без никакви последици по нивното здравје.Овој настан е уште еден доказ за професионалноста и подготвеноста на тимовите за одговор и дејствување во случај на катастрофи.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.