Пребарувај по датум:
2021-10-06

“Водич за користење на социјални медиуми”

На 01 октомври во Оперативниот центар на ЦКРСМ, се одржа обука поврзана со публикуваниот прирачник “Водич за користење на социјални медиуми” за волонтери и професионалци кои работат со волонтерите во Црвен крст на град Скопје. Автор на водичот е Александра Ристовски од Црвен крст на град Скопје која е одговорна за информирање во организацијата. Истиот е многу практичен и лесен за употреба. Дава насоки за правилно споделување и пишување на информации како и правилно фотографирање и позиционирање на амблемот на Црвен крст.  Во рамките на водичот е развиен и постер со 12 правила за подобар имиџ на организацијата.

На обуката присуствуваа 12 учесници од 5-те Општински организација на ЦК во Скопје и претставници од ЦК на град Скопје.

По обуката и дистрибуцијата на материјалите, секој тим има обврска да направи дисеминација на младите волонтери во клубовите за тоа како треба да се однесуваат на социјалните медиуми, под знамето на Црвениот крст. Активноста е реализирана во рамките на проектот поддржан од страна на Фондот за развој на ЦКРСМ.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.