Водич во Болница
Во 2020г. проектот „Водич во болница” продолжува со имплементирање во соработка со Алкалоид ад Скопје и Црвен крст на град Скопје.
Вкупно 15 волонтери ќе помагаат за полесно снаоѓање на пациентите во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје. Волонтерите се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот Клиники, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден.
Волонтерите имаат униформа на Црвениот крст за полесно препознавање, а на Клиниките за онкологија, гинекологија, инфективна, кардиологија, за детски болести, хируршки и интерни клиники имаат свои информативни места каде граѓаните може да се обратат за помош.
Со сите овие активности, презентираме еден начин за поддршка и подобрување на моделот на здравствена заштита во Република Северна Македонија со кој се олеснува пристапот до болничките услуги.