Пребарувај по датум:
2014-10-02

Вежба со Француска амбасада

Црвениот крст на град Скопје во соработка со Амбасадата на Република Франција во Република Македонија традиционално , по 4-ти пат, ќе реализира заедничка вежба со цел подигање на свеста за важноста на добрата подготовка во случај на природни катастофи.

Сценарио за вежбата е следно: Тимовите за одговор при катастрофи и Тимот за спасување на планина ќе симулираат укажување прва помош на терен и заедно со француските биноми ќе ги евакуираат на сигурно повредените кои потоа преку симулација од страна на МНР и МО на Р.Франција организирано преку воздушен патека ја напуштаат територијата на РМ. Вежбата ќе се одвива на 5 Октомври (недела) во периодот од 10:00-13:00 часот, а локациите каде ќе се случува настанот се последна автобуска постројка бр. 57 (н.Бутел), Порта Македонија, Француско училиште во Скопје- ЕФИС и Даре Бомбол на средно Водно. На вежбата ќе земат учество преку 80 волонтери на Црвен крст на град Скопје како и вработени во Француска амбасада. Во активноста ќе се вклучат и другите институци на системот како ЦУК, ДЗС МВР и др. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.