Пребарувај по датум:
2012-06-13

Вежба на ТОК на Водно

ТОК ( тимот за одговор при катастрофи) на 09.06.2012 година во Центарот Даре Бомбол на Водно имаше вежба со цел да се провери опремата и истата да се среди со цел подготвеност на ТОК за да дејствува во случај на катастрофи.

Беа отворени и проверени шатори и тенди со кои Црвен крст на град Скопје располага а нешто од тоа добиено како донација од други Национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина а кои досега не биле отворени као изгледаат и во каква состојба се.
Исто така Тимот за логистика ја проверуваше исправноста на мобилната кујна и истата се подготви и исчисти за да биде во функција и спремност.
Активноста треше цел ден од 08:00 до 18:30 часот.На крај на членовите на ТОК им се додели и останатиот дел од личната опрема и со тоа се заврши опремувањето на членовите со лична опрема.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.