2025-04-17
Велигденска забава
Црвен крст на град Скопје во соработка со трговскиот Рамстор Мол и оваа година организираа претпразнично дружење наменето за корисниците од дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години,,Пролет”. Забавното шоу со аниматор и неговата интеракција придонесе за нивна неизмерна радост ,многу насмевки и секако одлична забава. Голема благодарност до Ramstor Mall кои секогаш даваат неизмерна поддршка за оваа целна група но и ги поддржуваат нашите активности.
Оваа активност е една од многуте активности кои Црвен крст на град Скопје / оддел млади ги реализира со корисниците на центарот.