2025-04-17
Велигденска работилница
Во пресрет на празникот Велигден, реализиравме заедничка работилница и дружење со нашите пријатели од Сава осигурување и Сава пензиско друштво во нашиот Дневен центар за лица со интелектуална попреченост “Пролет”. Вработените заедно со нашите корисници фарбаа велигденски јајца се дружеа и поминаа убаво претпадне во нашиот центар.
Им благодариме за одвоеното време поминато заедно со нашите корисници.