2016-01-17
Василичарско дружење
Во рамките на активностите поддржани од Комерцијална банка Клуб на млади при Црвен крст на град Скопје традиционално организираа василичарско дружење во центарот за церебрална парализа Капиштец.
Со огромна радост и многу насмевки лицата заедно со волонтерите ги пееја своите омилени песни. Имајќи во предвид дека дружењата посебно музичките работилници се многу важни за социјализацијата на овие лица компанијата Нико компјутери ги изненади и им донираше звучници и појачало. На среќата и немаше крај така што со волонтерите веднаш си закажаа уште една средба на која одлучија дека ќе прават караоке забава.