Пребарувај по датум:
2018-01-26

Василичарско дружење

Василичарско дружење

Во пресрет на празникот Василица младите од Црвен крст на град Скопје традиционално го посетија и организираа забава за корисниците кои го посетуваат  центарот за церебрална парализа Капиштец.

Со огромна радост и многу насмевки лицата заедно со волонтерите ги пееја своите омилени песни . Имајќи во предвид  дека дружењата посебно  музичките работилници се многу важни за социјализацијата на овие лица за забавата и овојпат се погрижија учениците од средното музичко училиште Илија Николовски –Луј кои се чести посетители во центарот и преку нив  корисниците имаат можност да запознаваат различни инструменти и народни носии.

Оваа активност е дел од активностите кои се имплементираат преку проектот за поддршка и социјализација на лица со посебни потреби поддржан од Комерцијална банка.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.