Пребарувај по датум:
2022-05-26

Уважување на волонтерите

На 17 и 18 мај беа реализирани две работилници за волонтери кои беа ангажирани на вакциналните пунктови и имаа за цел мотивација, евалуација на работата и координацијата на овие волонтери. Во период самиот почеток на процесот на вакцинација, овие млади даваа административно логистичка поддршка на Министерство за здравство при процесот на вакцинација и ревакцинација на нашите сограѓани.

Волонтерите имаа можност да научат и да се надоградат низ целиот процес. Лекциите ги гледаат како позитивни, бидејќи беа ставени во контекст на брзо одлучување, размислување, проценување и делување. На работилниците се работеше на зајакнување на тимскиот пристап на оваа група но и нивното уважување и мотивирање за сите следни волонтерски ангажмани во кои ќе бидат инволвирани. Околу 60 волонтери беа дел од работилниците на возраст од 15 до 22 години.

Работа на Црвениот крст во изминатиот период, немаше да биде толку видлива и успешна без овие млади луѓе за кои волонтирањето е важен сегмент од нивниот живот.

Проектот е поддржан од страна на Швајцарски Црвен крст. А работилницата се оддржа на ПМФ, во Етно клубот при Институтот за етнологија и антропологија.

Продолжуваме заедно!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.