Пребарувај по датум:
2021-12-02

Усвоена програма и финансиски план на ЦКГС

На 01 декември во х. Мериот се одржа 8-та редовна седница на собранието на Црвен крст на град Скопје. Со намален број на гости и делегати заради почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, на седницата беше усвоена програмата и финансовиот план за работа за 2022 година. Во свечениот дел доделени беа благодарници на истакнати волонтери, соработници како и признаниja на поединци и институции кои дадоа особен придонес на полето крводарителството. За крај, младите од бендот 2Bе кои го снимија и ЦД-то со 30 песни од сите клубови во рамките на ПХВ недела, ја изведоа песната на младите од ЦК на град СкопјеЧекориме заедно”.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.