Успешно реализирана крводарителска акција
По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, Црвениот крст на град Скопје, во соработка со Општинска организација на ЦК Карпош и со поддршка на ИТМ, успешно ја реализираа традиционалната крводарителска акција .
Благодарение на нашите хумани сограѓани, беа собрани 92 единици крв .
Искрена благодарност до сите дарители кои со својот несебичен чин придонесоа за спасување животи и уште еднаш покажаа дека хуманоста е дел од нашето Скопје, дел од сите нас. Посебно сакаме да се заблагодариме на вработените во Рамстор Мол, кои традиционално се приклучуваат на оваа акција.
За успешна реализација на крводарителската акција, придонес имаа и волонтерите на Црвениот крст Карпош кои се погрижија за самата организација, а дел од нив се вклучија и како дарители.

