Услугата посебен превоз достапна во општина Карпош
Услугата посебен превоз, од 17.05 е достапна и за жителите на Општина Карпош.
Услугата посебен превоз за стари лица, болни лица и лица со попреченост над 18 години се изведува со посебно опремени наменски возила и посебно обучен кадар на Црвениот крст. Услугата е наменета за превоз на корисници, кои не се во можност, самостојно да обезбедат превоз за користење на здравствена, социјална, или друга административна услуга, заради:
- старост;
- болест;
- неможност или потешкотии, при самостојно движење;
- имаат потреба од придружник (негувател/личен асистент), врз основа на наод на стручно лице за потребата од користење на услуги во домот, поради здравствената состојба во која се наоѓаат, а се работи за неживотно загрозувачки ситуации.
Превоз со наменско возило, се смета превозот на корисникот од домот, односно местото на неговото живеење, до здравствени или други институции и обратно.
За користење на услугата граѓаните потребно е да го закажат својот превоз минимум 24 часа однапред, јавувајќи се на телефонскиот број 02/15330. Услугата може да се користи секој работен ден од 8 до 16 часот.