Услугата Итно копче достапна за жителите на општина Центар
На 06.02.2025, со Општина Центар се потпиша договор за воведување на „Итно копче“, услуга со која на жителите на Општина Центар на возраст над 65 години им се овозможува поддршка и помош, достапна 24/7.
Корисниците добиваат уред во форма на приврзок или нараквица, кој овозможува веднаш да се повика помош од Контакт центарот на Црвениот крст.
Сите заинтересирани граѓани може да се пријават за користење на оваа услуга од 07.02.2024 година, доколку ги исполнуваат критериумите од јавниот повик.
Оваа услуга е продолжена рака на услугите помош и нега во домот и услугата посебен транспорт кои се достапни бесплатно за граѓаните на општина Центар.
Ова е дополнителна услуга која има за цел да им овозможи поголема сигурност и безбедност на нашите највозрасни сограѓани, истовремено подобрувајќи им го квалитетот на живот.