Пребарувај по датум:
2008-05-20

Уште едно финале од ЦКА-ПХВ

Уште едно финале од ЦКА-ПХВ

И како полека одминува месецот Мај, така зад нас полека оставаме уште еден, единаесетиот успешен циклус на проектот Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности. Успехот го мериме и го искажуваме преку факти, 116 мали проекти имплементирани за добробит на заедницата односно на ранливи целни групи.

Почетокот на мај е секогаш периодот кога ги собираме плодовите на сето она што заеднички сме го направиле и постигнале во текот на целата година. Истовремено тое е и периодот кога правиме и заокружување на годишниот циклус и крунисување на успешната работа преку финалната ЦКА-ПХВ раборилница.
Оваа година финалната работилница се одржа од 8 до 11 мај, во Центар Солферино во Струга. Нејзиниот почеток се поклопи со светскиот ден на Црвениот крст, што истовремено претставуваше и особено убаво и симболично заокружување на целата наша десетгодишна работа. Бидејќи овогодинешното мотото под кое се одбележуваше светскиот ден на Црвениот крст беше: Климатските промени-предизвик, но и обврска, на финалната ЦКА-ПХВ работилница беше одржана цела сесија за климатските промени во соработка со одделот за подготвеност и дејствување при катастрофи-Црвен крст на Р.Македонија, преку која младите волонтери и дисеминаторите присутни на работилницата, подетално се запознаа со овој феномен.
Како и секоја година, така и оваа,  со присуство на финалната работилница беа наградени оние 40 младинци и 10 дисеминатори, кои особено се истакнаа со својата сериозност, ангажираност и посветеност на работата во текот на целата година.

Сите тие заедно поминаа четири дена во Струга, работејќи на сесии за култура, комуникација и евалуација на сето постигнато.

Финалната работилница резултираше со одржувањето на ЦКА-ПХВ претстава, преку која беа презентирани: ЦКА-ПХВ филмот од финалната фаботилница (што за некој од учесниците претставува ова програма), невербалната драма (од кои градови доаѓаат младинците, циклусот низ кој треба да помине поединецот во општината, на работилницата и низ изработување на проектот) и ЦКА-ПХВ флаерот кој претставува сублимат на самата суштина на ЦКА-ПХВ и неговите видливи резултати (број на проекти, број на младинци инволвирани во проектите, кратка содржина на некои од проектите…)
 Оваа година на нашата работилница бевме посетени од група на 10 новинари од 2 телевизиски куќи и 8 дневни весници. Во текот на работилницата им беше прикажана работата на младите луѓе и им беа презентирани проектите кои тие вредно ги работеа во текот на целата година, а воедно и за нив се одржа предавање за Климатските промени.
Наредна цел е организирање на меѓународен летен камп кој треба да се одржи во месец август на кој треба да присуствуваат млади од соседните земји каде се импламетира нашата програма- Албанија, Србија, Босна и Херцеговин, како и гости од Бугарија, Хрватска, Ерменија, Норвешка.

 

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.