УШТЕ ЕДЕН БЕЗДОМНИК ЗГРИЖЕН ВО ПРИФАТНИОТ ПУНКТ ЗА БЕЗДОМНИЦИ ВО МОМИН ПОТОК
Црвениот крст на град Скопје, постојано ја следи состојбата на бездомниците во градот.
Покрај услугите во Пунктот за бездомници, што секој петок ги добиваа околу 25 бездомници како: хигиенски услуги, берберско- фризерски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор со психолог, чиста облека, топли напитоци и ладен оброк, во последно време во новоотворениот прифатен пункт на одредено време се згрижуваа бездомници, после операција, болни и премрзнати.
Денеска по јавување на неколку граѓани дека во околината на Градска болница лежи премрзнат бездомник, веднаш е пронајден и со наше возило префрлен во прифатниот пункт во Момин Поток.
Таму, со помош на лицата кои се ангажирани околу работата на прифатилиштето, му се овозможи капење, чиста облека и оброк. Бездомникот е сместен на одредено време се до негово згрижување во соодветна институција.