УНАПРЕДЕНИ КАПАЦИТЕТИТЕ НА ТИМОТ НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА
Во изминатиот период односно на 09.07. и 16.07. во просториите на Црвен крст на град Скопје се реализираа 2 обуки за унпаредување на капацитетите на тимот на Грижа за стари лица од областа на правата и услугите кои ги нуди системот на социјална и здравствена заштита во РМ.
Со цел подобро инфромирање и воведување на корисниците во системот, стручни лица претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа(МЦСР) и Фондот за здравствено осигурување на РМ(ФЗОМ) оддржаа предавања за стручниот тим на проектот „Дневен центар за стари лица и центар задавање помош во домашни услови“ – Грижа за стари лица. На предавањата свое учество земаа и социјалните работници иволвирани во ЦКГС. Предавањето за правата од системот на социјална заштита го оддржа Соња Арсовска, претставник на МЦСР. На истото, во детали беа објаснети процедурите и општите услови за стекнување на некое од постоечките права и дополнително беа разгледани детали и консултирани специфични ситуации за одредени социјални случаи со кои работи тимот на ЦКГС. Др.Силвана Андов и Данче Атанасоска – правник, претставници на ФЗОМ, ја спроведоа обуката за системот на здравствена заштита односно правата кои можат корисниците на проектот да ги остварат. Предавањето поттикна дискусија за конкретните случаи опфатени со проектот и ја унапреди постоечката соработка помеѓу двете институции. Овие обуки се првите чекори кои се реализираа во насока на проширување на услугите кои во иднина ќе ги нуди проектот преку Дневниот центар за стари лица кој функционира во Црвен крст Чаир. Инаку, со проектот се опфатени 120 стари изнемоштени лица посетени во домашни услови од медицинска сестра и волонтер и повеќе од 300 активни пензионери инволвирани во програма на Дневен центар за стари лица.